Ноќеска, петнаесетина минути по полноќ, на булевар „Јане Сандански“ избувнал пожар во барака сопственост на општина Аеродром, во која имало тримери, косилици за трева и друг алат. Од огнот била зафатена и барака на ЈП „ Паркови и зеленило“.

Од полицијата информираа дека пожарот е локализиран, а во тек е увид на местото на настанот.

Неофицијални информации на Фокус се дека врз објектот бил фрлен молотов коктел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.