Од експлозија на плинска боца предизвикан е пожар во семејна куќа во населбата Карпош. Експлозијата била предизвикана вчера околу 15 часот, а со брза интервенција на Противпожарната единица (ТППЕ), пожарот не се проширил.

„ТППЕ Куманово бележи интервенција на опожарена плинска боца во период од 14,55 часот во семејна куќа на ул.50 бр.7 нас.Карпош. Интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот е локализиран и завршен во 15,25 часот. Нема причинето поголема материјална штета“  соопштуваат од Противпожарната единица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.