Во Клиниката за радиологија во Скопје попладнево избувнал пожар. Сите вработени и пациенти се евакуирани, а шест противпожарни возила интервенирале за да го изгаснат пожарот.
Според првичните информации, нема повредени лица, а настанатата штета е мала, , дознаваат од порталот „А1он“.
Од Противпожарната служба во Скопје велат дека сѐ уште немаат причини за тоа како настанал пожарот кој избувнал во една од просториите каде што се чувале хемикалии. Според нив, пожарот е ставен под контрола и штетата е незначителна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.