Пожар на отворено избувнал утрово на регионалната депонија Русино. Огнот зафатил отпад и други запалливи материи и од местото се шири чад и миризба што се чувствува во градот и околните населби.

Од јавното комунално претпријатие “Комуналец”, кое управува со депонијата потврдија дека има оган на дел што е на непристапен терен. Тоа го пријавиле во територијалната противпожарна единица. Гаснењето е отежнато, бидејќи како што ги информирале, патот по кој треба да дојдат камионите во моментов се реконструира и се поставува асфалт.

Според најавите гаснењето на огнот на депонијата, најверојатно ќе започне попладнево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.