Ноќеска околу 05 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на ул.„Мајор Чеде“. Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе.
Од извршениот преглед кај лицето З.М. биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот, кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето. Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад.
Пожарот е локализиран. Увид ке се врши во текот на денов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.