Семејна куќа изгоре во пожар што избувна претпладнево околу 10 часот на улица „Јовче Чучук“ бр. 40 во месноста Јурија во Велес. За среќа нема повредени лица, а станарите навреме ја напуштиле куќата.
Екипите на Територијалната противпожарната единици од Велес го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле да се прошири на соседните куќи.
Во гаснењето на пожарот биле активирани три противпожарни и две теренски возила и 15 пожарникари, а се вклучиле и соседите за да спречат негово ширење.
Според првичните сознанија од очевидци, во куќата имало поголема количина пластични шишиња, но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.