Во пожар што попладнево избувна на плажа во центарот на Струга, целосно изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб од Струга. На местото на настанот интервенира Професионалната противпожарна единица од Струга со две возила и 13 пожарникари.
Пожарот е локализиран и сега работиме на целосно елиминирање. Повредени нема, но предизвикана е огромна материјална штета. – изјавија за OhridNews од Противпожарната единица Струга.
Густиот чад од опожарениот објект можеше да се забележи од околните плажи, што ги вознемири посетителите.
Извор: Охридњуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.