Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат, вчера вечерта при контрола во угостителски објект на улица „Дебарца“ во Скопје констатирале дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, а во објектот биле затекнати 20 до 30 гости. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.

МВР соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Откако на социјалните мрежи беше споделено видео од рацијата во „Мош“, директорот на Државниот пазарен инспектарот Стојко Пауноски во изјава за „А1он“ споделил и дека гостите во алкохолизирана состојба упатувале закани и навреди кон инспекторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.