Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, се повредени откако синоќа биле удрени од автомобил во Чаир.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека синоќа во 19:15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во двете малолетнички.

Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.