Тик-ток е сцената на која македонското општество си ги покажува аномалиите.
Денеска се појави видео во кое дете го прославува доаѓањето на Новата година со рафали. Двајца возрасни мажи му помагаат на малото дете да двапати да испука од пиштол кој го држи со помош на едниот возрасен додека другиот снима, 13 секунди по полноќ. Видеото е објавено од корисник извесен Агрон Џафери, за кој се претпоставува дека е од Тетово. Видеото, кое трае 5 секунди набрзо по објавувањето е симнато од ТикТок, но веќе било повеќе пати споделено.
Од СВР Тетово велат дека овој случај сѐ уште не е пријавен кај нив, па засега останува непознато кој стои зад корисникот Агрон Џафери, кој го поставил видеото и кои се двајцата мажи кои му даваат на детето да пука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.