Денеска во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечила М.С., нивна 16-годишна штитеничка која повеќе пати се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата.

Вчера, пак, во истата станица, пријавено е дека од домот „Ранка Милановиќ“  самоволно се оддалечил Ф.К., нивен 17-годишен штитеник, кој повеќе од 10 пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на двете деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.