Вчера во 12.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило, кое веднаш по незгодата го напуштило местото и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Д.(47) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пред неколку дена кај Клинички, исто така на Водњанска, откако прекази човек, малолетник со „БМВ“ исто така побегна од местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.