Територијалната противпожарна единица од Охрид повторно е на терен, екипите гасат пожар на трска и нискостеблеста вегетацијата на потегот меѓу Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и поранешниот автокамп „Андон Дуков“.

Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пламенот за спречување на негово ширење на објектите што се наоѓаат во непосредна близина.

Независно предупредувањата од екологистите за штетноста на палењето на трската и стрништата по животната средина и опасноста од ширење на пожарот од страна на противпожарната служба, повторно се случува да се опожарува ниската вегетација од страна на поединци долж крајбрежјето на Охридското Езеро.

Државниот инспекторат веќе една недела врши мониторинг на охридско-струшката ривиера, но засега без информации за утврдената ситуација на терен. Кривична пријава поради палењето на трската деновиве беше поднесена за две лица и инспектор за заштита на природата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.