Утринава во Скопје изгореа 3 возила. Полицијата се уште молчи окочу мотивите и сторителите.
Засега нема информации дали станува збор за поединци или организирана група која ги пали автомобилите. Дали станува збор за рекет, изнуда или одмазда на одредени лица.
Утринава околу 4:30 лице од агенцијата за обезбедување „Сокол“ кој ја обезбедувал плинарската пумпа „Нис Гас“ забележал чад и оган од правец на автосервис „Макс“, сопственост на 40 годишно лице од Скопје. Лицето од обезбедување веднаш ја известил Противпожарната бригада, која дошла на лице место и започнала да го гаси пожарот.
Опожарени биле 3 возила, БМВ х 5 со скопски регистерски таблички, сопственост на 26 годишна скопјанка, „Шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки за која се уште се утврдува сопственоста и Фолгсваген фургон исто така со скопски регистарски таблички во сопственост на приватна компанија, пишува „Курир“.
Во пожарот целосно изгорело БМВ х 5. Збунивачки е податокот дека во првичните искази стои оти возилото воопшто не било таму паркирано, ниту донесено во сервисот, од каде велат дека не поправале воопшто такво возило.
Пожарот е изгаснат, а предизвикана е поголема материјална штета. Последниов период зачестија ваквите инциденти, последниот случај е од вчера кога во Штип било опожарено возило на бизнисмен, а последниве месеци десетици возила се опожарени и во главниот град. Ниту еден од овие инциденти до сега не е расветлен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.