Синоќа околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од с.Пирок, тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирус.

По целосното документирање на случајот на М.Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Повеќето кривични пријави и приведувања за прекршоци од овој тип во изминатиот период беа во околината на Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.