Гоце Филиповски, таткото на прободеното момче во дискотеката во Марино, реагира на зборовите на поранешниот градоначалник Звонко Цветковски, денеска вработен во МВР, кој рече дека и неговите синови биле повредени.
Повредите за кои зборува таткото на сторителите не се добиени во теппачка со син ми, затоа што тепачка немало, вели таткото.
Филип не знае да се тепа, не знае да удри некого ниту пак тоа го направил некогаш, тој е на овој свет да помогне секаде каде се може, така е воспитан, за разлика од сторителите, кои ако ги погледнете нивните фотографии на ФБ, за кои ми рекоа дека се избришани, ќе видите фотографии со пушки, пиштоли, ножеви…Зашто никаде официјално не беше споменато дека истите сторители во обид да побегнат на 10-тина метри од локалот прават сообраќајка со нивното возило „рено сценик“, кое кога јас пристигнав беше на местото каде што останало до 8 часот изутрина, видно оштетено, а на местото имаше полициски службеници, зашто не беше и возилото однесено на вештачење, сигурен сум дека во него има траги од крв и доколку се повредени извршителите, а што не е наведено во полицискиот записник повредите им се од сударот со друго возило, тврди Филиповски.
Филиповски додава дека надлежните институции не се способни да се справат со ваквите локални банди.
Што мислите зашто сведоците на настанот во кој беше прободен мојот син Филип побарале од екипата на „24 вести“ да им бидат сокриени ликовите, што мислите зашто никој од сведоците што го имаат видено настанот за што добивам информации притоа молејки да не бидат спомнати во истрагата нивните имиња, зашто се плашат? Знаат момчињата другарчиња на Филип за какви луѓе станува збор и што може и ним да им се случи и сè затоа што институциите надлежни да го чуваат мирот во државава не можат да се справат со таквите локални банди, кои тероризираат со децении. Поддршката што ја добивам секојдневно во најголем дел меѓу другото е и со цел да се стави крај на ваквите настани предизвикани од иста група луге, вели Филиповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.