Вчера околу 10.20 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во шестгодишен пешак од с.Колицко, кумановско. По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.