16 годишно момче се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на ул.„Драган Стопаревиќ“ во Куманово.

Од МВР информираат дека до несреќата дошло при судир на „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(47) од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.

-Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.