Вработена во маркетот Рамсторе Капитол во реонот месара вчера околу 21 часот се здоби со повреда на прстите на едната рака при чистење на машината за мелење месо. Веднаш беше повикана Брза помош, екипа за Противпожарна заштита, Полициската служба и беше известен Државниот Инспекторат за труд – соопштија денеска од Рамсторе Македонија ДОО.
По кратката и брза интервенција, се вели во соопштението, вработената во имобилизирана состојба била пренесена во Ургентниот Центар при Клиничкиот Центар во Скопје и над истата веднаш, во текот на ноќта, бил извршен хируршки зафат. По зафатот, сите прсти на повредената рака се зачувани и се следи процесот на опоравување.
Највисокото раководство на Рамсторе го следи будно случајот. Рамсторе ќе продолжи да прави се што е потребно за да ѝ се помогне на вработената и нејзиното семејство да истата се опорави во целост – велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.