Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Сетември“ во Скопје, соопшти МВР.

Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР.

Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.