Седум лица се повредени од кои две деца во судар помеѓу две возила на патот Чашка – Голозинци, близу селото Глозинци, во околината на градот Велес. Повредените со две амбулантни возила од Здравствениот дом Велес итно биле префрлени во хирушките амбуланти во Општата болница во Велес.

Оттаму за МИА информираат дека двете деца, од кое едното во бесознание кое е со потешки повреди на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.

На хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени кои се со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете и една трудница и тројца мажи. По извршените прегледи и рентген снимања утврдени се полесни повреди, но се задржани во болница.

Фото: ДУМА

Повеќе детали за тоа како настанала несреќата наскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.