Седум лица, меѓу кои и две деца, се повредени во сообраќајката што вчера се случи во Дебар.
Како што соопшти МВР, во 14.00 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа соренто“, управувано од Н.Ј.(43) од с.Праленик, општина Центар Жупа и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.(21) од с.Новак, општина Центар Жупа, сопатничка во возилото „киа соренто“, констатирани во Општата болница во Дебар. Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од с.Праленик, како и две малолетни лица од Дебар, сопатници во возилото „форд фокус“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.