Вчера вечер во две сообраќајни незгодени повредени се двајца пешаци. Полицијата информира дека вчера во 21:40 часот на локалниот пат во Слупчане, општина Липково, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од Ваксинце, удрил во пешакот М.И.(51) од Слупчане.
М.И. здобил тешки повреди и со возило на Итна помош бил пренесен во болницата во Куманово.
Два часа подоцна, односно околу 23:20 часот во неготинското село Пепелиште, патничко возило „ауди“, управувано од К.Д.(18) удрило во пешакот С.А.(20). Притоа, С.А. здобила тешки повреди и со возило на Итна помош е пренесена во здраствениот дом во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.