Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во две сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четири возила нерегистрирани.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 77 возила.

Санкциониран е и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.