Шест скопјани биле приведени вчеравечер по завршување на фудбалски натпревар. Како што соопшти МВР, во 19,30 часот во ПС Аеродром биле приведени Ѓ.М.(22), К.Х.(35), Б.А.(65), Ф.С.(19), Д.Т. (33) и А.М. (22) сите од Скопје поради физичка пресметка по завршување на фудбалски натпревар на булеварот „АСНОМ“, во близина на стадионот „Петар Милошевски“.
При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а А.М. се здобил со повреда од остар предмет на левата рака.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.