80-годишната Ѓ.Ј. од Скопје заврши со повреди поради пад од автобус на ЈСП.

Полицијата соопшти дека според пријавата, автобусот тргнал додека жената се симнувала. Таа била пренесена во Градската болница каде и биле констатирани повреди, а по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

Настанот се случил на улицата 11 Октомври, спроти Зелен пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.