Вчера во 14,00 часот во полициската станица Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна „Еребино“, околу 11,00 часот 59- годишниот И.А од Гостивар, вработен во АРМ, одговорен на одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, додека И.А. заедно со Б.З. и В.Џ., вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.