Полициски службеник е повреден во сообраќајна незгода на локалниот пат за село Строгомиште, Кичевско, помеѓу мотоцикл кој тој го управувал со регистерски ознаки сопственост на МВР и патничко моторно возило марка „Форд“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.Б. (27) од Република Албанија.
Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира дека во незгодата која е пријавена во неделата околу 16:30 часот, со телесни повреди се здобил полицискиот службеник што биле констатирани во медицинскиот центар во Кичево. Увид на самото место извршила екипа на ОВР-Кичево.
За настанот известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, додаде портпаролот Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.