На 22.10.2021 во 09.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Столарска“ во Битола, патничко возило „сузуки свифт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 73 годишник од село Дедебалци, општина Могила, удрило во пешак на возраст од 72 години од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила битолчанката, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.