Седумдесет и четиригодишен жител на Тетово е повреден откако се обидел да го изгаси пожарот дома предизвикан по експлозија на решо на плин за кафе. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат.

– Вчера во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека при експлозија на плинско шише, избувнал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на ул.„146“ во Тетово. М.Х., обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се задобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово, инфомираат денес од СВР Тетово.

Увид во куќата извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.