Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне во кумановско Бедиње, откако возилото со кое управувал изгубило контрола и удрило во три паркирани возила, потврди СВР Куманово. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу едно патничко возило и три паркирани возила околу 17 часот на улицата „11 Ноември“ во Куманово.
Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди, соопштија од СВР Куманово.
Кумановската полиција извршила увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.