77-годишна жена се удавила во Вардар, во центарот на Скопје. Станува збор за И.Т. од село Петровец. Според првичните сознанија станува збор за несреќен случај.
Според извори од истрагата, жената се движела на скалите на кејот по што се лизнала и паднала во Вардар. Реката го носела нејзиното тело околу 200 метри и била извлечена кај мостот кај Комплексот банки.
Случајните минувачи се обиделе да и помогнат, но жената не давала знаци на живот. Била повикана полиција и Итна медицинска помош, но лекарите само констатирале смрт. Увид на местото извршила судската медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.