СВР Битола поднесе кривична пријава против  Ј.Ф.(42) од Прилеп за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Пријавениот утрото на 28 март, на својот фејсбук-профил споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.