Полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчеравечер во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во с.Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости, соопшти МВР.

Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од с.Арачиново и тој е приведен во ПО Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ, се вели во соопштението.

Објектот е затворен од инспектори на ДПИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.