Вчера попладне од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај с. Миравци на автопатот Демир Капија – Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари – Скопје, а во кое се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ – Неготино, И.Е. излетал од коловозот.

Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници се приведени.

Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.