Силна eкcплозија одекнала доцна синоќа во трговскиот центар Мавровка во Скопје. Повредени нема, но причинета е материјална штета кај неколку локали. Како што јавува Алсат М, во трговскиот биле поставени две eкcплозивни направи, но само едната се активирала.
По интервенција на полицијата другиот експлозивен уред бил деактивиран, пренесува Алсат.
Според првичните инвормации, мотивот за нападот е поврзан со минатото на сопственикот на кафулето “Фонтана”. Полицијата работи на собирање оперативни информации и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.