Две лица измамиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Отштетниот го пријавил случајот вчера во 15:00 часот.

Според пријавеното едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.