На социјалните мрежи се споделува апелот за помош за скопјанецот Аврам Петкоски. Него му се губи трага во понеделникот наутро, а од семејството молат за било какви информации за него.

Случајот вчера во 12.00 часот е пријавен и во СВР Скопје, од страна на неговиот брат С.П.(31) од Скопје. Тој пријавил дека од домот заминал неговиот брат А.П.(33), кој бил со здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.