Двајца нови сведоци предложени од Бојан Јовановски, денеска треба да се сослушаат на рочиштетот за случајот „Рекет“.
И на вчерашното рочиште сведочеа три лица предложени од Боки, меѓу кои и стилистот Сергеј Варошлија (opens in a new tab)”>стилистот Сергеј Варошлија кој зборуваше дека бидејќи обвинетиот бил инфлуенсер добивал подароци од познати модни брендови за да ги рекламира. Зборуваше и дека од летото 2018 интензивно се дружеле со Зоран Милески – Кичеец, кој истот така беше обвинет, но призна вина и доби три години затвор.
Сведочеа и Марија Јанковска, сопственичка на продавница за оптика во Скопје и Алекс Кртов, сопственик на галерија.
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, вчера од листата на сведоци,ги повлече предлозите да сведочат ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделевски, Дејан, и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче.
Со тоа листата на сведоци на Боки се намали на 9 лица. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, пак, има предложено 13 сведоци меѓу кои се и најголем дел од обвинителите кои работеа во СЈО.
Јовановски во случајот е обвинет за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.