Тепачката на две колешки во јавното станбено претпријатие во Центар предизвика доста реакции во јановста.
Како што соопшти МВР, вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О..
Според неофицијални информации од наши извори, колешката која прва нападнала е поранешна сопруга на некогашен директор во висока институција, денеска вработен во МЕПСО. Нивната разделба беше бурна и јавна, па и двајцата сопужници долго време ги имаше во медиумите.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.