Струмичанецот Александар Барабановски, лице блиско до премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев, е казнет со 150 евра затоа што натепал Бугарин во Струмица, пишува бугарски „24 Часа“.

Станува збор за судска одлука за инцидент од 21 октомври 2018 кога Барабановски му нанел неколку тупаници на Митко Георгиев.

Барабановски додека го удирал му викал на Георгиев да престане да зборува против Заеви и да се исели од Македонија.

Бугарското ВМРО тврди дека осудениот бил своевремено телохранител на Заеви, а по оваа пресуда оштетениот ќе има право приватно да го тужи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.