Ноќеска пред полноќ се случила напната ситуација во охридско кај месноста Рача кога за малку ќе дошло до посериозен инцидент откако, како што тврди Експрес, поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање се обиде да избега на припадници на МВР. Официјалното соопштение на МВР не открива дека полицајците гонеле бивш колега.
–Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18.7.2019 во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л.(53 ) од Струга. Притоа, во багажниот простор, пронајдени се три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници. Во врска со овој случај, приведен е и С.И.(31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава, пишува во соопштението на МВР.
Според извори во СВР Охрид доколку С.Л. навреме не бил спречен да избега ситуацијата можела да ескалира затоа што екс припадникот на УБК имал дозвола за поседување на оружје.
С.Л. и С.И. се соочуваат со долгогодишна казна затвор откако вчера само за поседување на 14 грама марихуана без намера за продажба на една година затвор беше осудена Моника Ристеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.