Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус констатирале дека два угостителски објекта, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење на Ковид-19 и во нив се затекнати повеќе лица.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со Ковид-19, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, стои во соопштението



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.