Ноќва во 03,40 часот било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“, Аеродром, поради недоразбирање во сообраќајот, на Ф.Д.(37) од Скопје кој управувал такси возило со скопски регистарски ознаки, му било попречено движењето од патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(30) кој бил заедно со А.Д.(34), двајцата од Скопје. П
отоа, според пријавеното, М.Н и А.Д. излегле од возилото и почнале со бекатон коцки да удираат по такси возилото. Притоа, Ф.Д. со возилото го удрил М.Н., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.