Синоќа после полноќ во Радишани, при вршење на рутинска контрола од страна на полициските службеници, на даден знак да запре, автомобил “мерцедес” почнал да бега, дознава 24 Инфо.

Полицијата почнала да ги брка, па “мерцедесот” се забил во бандера, а во нив се удрило и полициското возило во близина на полициската станица Чаир.

Повредени се неколку лица и истите се пренесени со возило на Брзата помош.

За денеска се најавени повеќе детали од настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.