Вчера попладне во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Yiyung“ со штипски регистарски ознаки, управуван од А.С. (26) од Штип и патничко возило “шкода“ со полициски ознаки, управувано од полициски службеник.

А.С. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во комплекс клиники,,Мајка Тереза’’, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Д. (27) од Штип.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.