На располагање на полициските службеници од денес им се 20 нови возила со вкупна вредност од 287.557 евра, донација од Сојузна Република Германија. Донацијата ќе придонесе во нашите напори за справувањето со последиците од миграциската криза, како и за справување со можни идни миграциски бранови, објави Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.
Поддршката што Сојузна Република Германија ја дава на нашата земја, односно на Министерството за внатрешни работи во делот на граничното контрола и безбедност има цел унапредување на работењето при извршувањето на граничните работи и вршењето надзор и контрола, но и унапредување на безбедноста на државната граница. Тоа за нас е од големо значење и бездруго ќе придонесе за зајакнување на веќе одлични односи помеѓу двете земји.
Соработката помеѓу двете министерства е на високо професионално и пријателско ниво, и истата се негува веќе долги години, и воедно изразувам надеж и ги посочувам моите заложби за уште поголемо продлабочување на истата во заедничката борба против сите видови на криминал, што ќе придонесе за подобрување на животните услови за граѓаните на двете земји.Во периодот кој следи активно ќе работиме на зајакнување на техничките и просторните капацитети на Министерството за внатрешни работи како и подигнување на техничката опременост на полициските службеници што ќе придонесе за ефикасно и успешно извршување на нивните работни задачи и обврски, објави Чулев на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.