Во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) припадници на Министерството за внатрешни работи санкционирале 448 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 82, а потоа на територија на СВР Куманово – 62, на територија на СВР Охрид – 57… – велат од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.