Во текот на изминатото деноноќие во државава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, при што биле приведени 59 лица, а за останатите ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација, информират од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.