Во изминатото деноноќие 66 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР, исто така, информираат дека полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за само изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.